Бараков стана препознатлив по улогите во македонските народни приказни каде најчесто беше сиромав или слуга, а во никој случај не треба да ги заобиколиме и улогите во: „Трст виа Скопје“, „Тврдокорни“, „Марка“, „Поглешно време“ …
Сепак, македонските народни приказни остнаа обележје на Лазар, а во врска со улогите кои ги имаше знае да каже:
„Повеќето улоги кои ми ги даваа мене, другите колеги не ги сакаа зошто ги сметаа за понижителни, но јас ги сакав зошто секоја улога е важна и убава“, констатира Бараков.
Сепак, во реалниот живот Лазар е далеку од сиромаштијата бидејќи го има најголемото богатство што може да го посака еден човек. Тој е татко дури на три деца со кои особено се гордее, како и тие со него.
Она што можеби е малку познато, е тоа дека неговите деца, Македонка, Викторија и најмалиот Александар Бараков имаа улоги во приказните уште од мали.
Денес тие се уште го придружуваат својот познат татко, но не во приказните, туку се негова константна поддршка во се што прави, каде и да се појави.
Па така на неодамна одржаната кавадарчечка вечер во Скопје, Лазар се појави во друштво на ќерката Викторија.
Животното сценарио на Бараков во реалноста има сосема поинаква приказна од онаа по која се трасираше неговата кариера.
Со три прекрасни деца, Бараков навистина е богат човек!
Вистина.мк