Лаже, краде, спие на таван и има ЛОШО ЗДРАВЈЕ!?


Лагата има кратки нозе, а лажговците нарушено здравје, ова го покажуваат најновите истражувања на група научници во Индијана.

Колку помалку лажеме, толку сме во подобра психичка но и физичка кондиција. Во период од десет недели истражувачите со детектор за лага тестирале 110 волонтери на возраст од 18 до 71 година, следејќи ја постојано нивната здравствена состојба и расположението.

Заклучокот е – оние што ја применуваат „невистината“ почесто паѓаат во депресија, патат од мигрена, постојано се под некаква тензија а интересен е и фактот што имаат болки во грлото. Од друга страна искрените луѓе се најчесто релаксирани, во хармонија со себе и со околината, објаснуваат научниците. Слични истражувања претходно покажаа дека американците во просек лажат 11 пати неделно.

– Малку сум скептичен во поглед на фактите дека искреноста го подобрува здравјето, но од психолошка гледна точка веројатно тоа е точно, коментира психологот Роберт Фелдман.
Сепак, за волја на вистината, лагата честопати е неопходна. Замислете вашата бремена сопруга ве прашува дали е дебела, ќе и одговорите искрено? Или што ако им „текне“ на политичарите да водат здрав живот и да престанат да лажат? Тешко нам.  Затоа за општото добро понекогаш треба да се ризикува дури и здравјето 🙂

Tags: , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1