Вакцина против туберкулоза лечи и дијабетес


Вакцината БЦГ ги уништува клетките кои го напаѓаат природниот инсулин. Американските научници веруваат дека лекот ќе биде на пазарот за неколку години.

Според првите резултати од истражувањето кое го спроведоа научниците од американскиот универзитет Харвард, лекот за шеќерната болест на пазарот е веќе дваесет години, но, досега не се користел за таа цел.

Вакцината против туберкулоза се покажала како исклучително успешна во лекувањето на дијабетес од Тип 1, од кого боледуваат милиони луѓе од цел свет. Пациентите со оваа болест мораат секојдневно да вбризгуваат инсулин за да го задржат шеќерот во крвта во прифатливо количество, затоа што панкреасот не го произведува овој хормон поради пореметување на имунолошкиот систем.

Според истражувањата, кои се уште се во рана фаза, вакцината против туберкулоза, позната како БЦГ, ги напаѓа клетките кои го уништуваат природниот инсулин во телото. Така концентрацијата на овој хормон го имаме во нормално количество, исто како кај здравите луѓе.

-Сметаме дека со доработка на БЦГ вакцината можеме да направиме достапен лек за сите, но, треба да направиме дополнителни и детални истражувања, и да извршиме модификација на вакцината – вели Денис Фаустмен, Директорката на имунолошката лабораторија во Масачусес, општата болница каде научниците од Харвард ги вршеле истражувањата.

-Тие се тројца пациенти со дијагностициран дијабетес од Тип 1. Им вбризгавме по две дози од БЦГ вакцината, и внимавме што ќе се случи понатаму. Двајца од вкупно тројцата пациенти, во следните 20 недели напреднаа значително – додава еден од научниците.

– Панкреасот на почеток не им работеше, но, вакцината го поттикна да работи – изјавува Фаустмен.

Share Button

Tags: , , , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1