Лажењето е опасно по здравјето


Постојаното лажење може да влијае лошо на вашето здравје, покажаа резултатите од истражувањето, презентирано на овогодишната конвенција на Американското психолошко здружение во Вашингтон.

Истражувањето го спровеле професори од Универзитетот “Нотр Дам’ од Индијана и истото било спроведено на околу 100 лица на возраст од 18 до 71 година.

Учесниците биле поделени во две групи. Лицата од првата група морале да престанат да лажат, им било дозволено да избегнуваат прашања, да избегнуваат да ја кажат вистината 10 недели и да си ги задржат тајните за себе.

Втората група не добила никакви упатства.

На крајот на секоја недела биле испитувани сите факти и постапки поврзани со учесниците во истражувањето преку детектор за лаги, а нивната ментална и физичка состојба биле проценувани преку разни прашалници.

По десетнеделно истражување, стручњаците регистрирале дека во првата група “без лажговци“, менталната состојба и севкупната здравствена слика, биле значително подобри од оние на втората група “лажговци“.

Share Button

Tags: , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1