Легнала да спие, нешто ја разбудило – и оп се породила – излегло бебето (ФОТО)


Породувањето обично е болно и трае најмалку неколку часа, но оваа „супер мајка“, како што ја нарекуваат во медиумите, се породила безболно и  буквално за неколку секунди!

Ерика има 44 години и е од Конектикат. Таа била во деветти месец од бременоста со второто бебе, кога една вечер си легнала да спие.

supermajka

Таа почнала да чувствува благи болки, но бидејќи првото породување траело 30 часа, мислела дека има време. Затоа си легнала да спие, но по неколку часа мирен сон се разбудила и почувствувала како и пукнал водењакот.

Кога го почувствувала тоа, Ерика станала за да отиде во тоалетот и буквално неколку секунди подоцна се породила експресно и безболно.

Сопругот на Ерика веднаш повикал брза помош, а докторите констатирале дека со мајката и со бебето е се во ред.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1