Поштар и го спаси животот – паднала од 2 кат право во неговите раце (Фото)


Луис Мигуел Алвес Коста, 23 годишен поштар од Гелсенкирхен и го спаси животот на 32 годишна жена која паднала од балкон.

postar-spasio-zenu

Настанот се случил во градче во близина на Келн. Луис си стоел на улицата со пријателот кога чиле врисоци од зградата до нив. Веднаш притрчале и се шокирале кога виделе како жена виси и едвај се држи на балконот од 2 кат на зградата,

Луис веднаш отрчал до зградата за да ја смирува додека пријателот заминал да повика помош. Луис и зборувал да се држи, да издржи додека да дојде помош. Цело време и зборувал, а се насобрале и други очевидци пред зградата.

Во еден момент таа рекла дека не може повеќе да издржи и се пуштила.

hrabri-postar-joj-spasio-zivot-pala-mu-u-ruke-s-drugog-kata-504x335-20130521-20130529224008-816df94ffd2298ddba327b02e137dc69

– Реагирав инстиктивно, како што би реагирал секој. Ги раширив рацете и ја фатив.

Ми падна право во раце, фала богу што е добро – изјави Луис кој сега ужива во вниманието и славата кои му ги донесе неговата постапка.

– Се слушнав со нeјзиниот сопруг кој ми заблагодари можеби илјада пати.

Луѓе ме застануваат на улица, ми свират од автомобилите и ми честитаат, а мене ми е чудно затоа што не сум баш толку храбар – вели скромниот поштар.

hrabri-postar-joj-spasio-zivot-pala-mu-u-ruke-s-drugog-kata-504x335-20130521-20130529224014-ed53e986ff0e3085b2b6df53c8c7d745

Зошто жената висела од балконот се уште не се знае но полицијата не ја отфрла можноста таа да се обидела да се самоубие.

Жената минала само со полесни повреди и се опоравува во болница, додека на Луис му го скршила носот при падот.

Поштата каде работи храброто момче ја поставила неговата фотографија во центарот на објектот со натпис под неа ХЕРОЈ.

,, Горди сме на него и ќе го наградиме,, изјавил директорот на поштата.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1