Лекарите од болницата во францускиот град Гренобл започнаа со постепено будење од состојбата на вештачка кома на 7-кратниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, објави весникот „Л’Екип“, цитирајќи неименуван извор од болницата.
Вотекот на првите неколку денови по тешкиот инцидент, врз Шумахер беа извршени две операции, при што телесната температура му беше намалена до 35 степени, за да се ограничи ризикот од понатамошни оштетувања на мозокот.
Весникот посочува дека Шумахер добро реагирал на процесот за будење од комата, кој започна на почетокот на оваа недела. Последните официјални соопштенија за состојбата на Шумахер беа објавени кон средината на месецов и гласеа дека тој е во „стабилна, но критична“.
На 29-ти декември минатата година, Германецот преживеа несреќа додека возеше скии во француското одморалиште „Мерибел“. Поради тешката повреда на мозокот, тој беше воведен во состојба на вештачка кома.