Лекарите предупредуваат: Кога излегуваат надвор луѓето треба да носат маски со филтри


Aерозагадувањето е штетно за пациентите со хронични болести кај кои има поголемо влошување на состојбата, но е штетно и за секој здрав човек. Бројот на пациенти е во пораст, меѓутоа, со сигурност не можам да тврдам дали овој зголемен број се должи на аерозагадувањето, кое со децении е присутно

Aерозагадувањето е причина, особено ПМ честичките, за влошување на состојбата кај пациенти со хронични респираторни болести, како што се астма, пневмонија, хронична опструктивна белодробна болест, горно-респираторни инфекции, настинки, кардиолошки заболувања, кардио-пулмонални проблеми, инфаркт, кардиомиопатии…,како и кај оние кои имаат алергии, додека кај здравите луѓе прави некое лесно воспаление и можно е да имаат некои симптоми.

Во врска со тоа какви се последиците по здравјето од вдишувањето загаден воздух, директорот на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија, Дејан Докиќ во интервјуто за МИА истакнува.

– Бројот на пациенти е во пораст, тоа евиденто го гледаме, и хоспитални со акутно влошување, односно со воспалителни реакции накалемени на една хронична болест. Меѓутоа, јас со сигурност не можам да тврдам дали овој зголемен број се должи на аерозагадувањето, кое со децении е присутно, можеби е нешто позасилено, затоа што во последните години се мери. Како ќе знаете дали има ПМ честички кога не се мереа, а бевме сведоци дека и тогаш имаше магли. Се сеќавам и пред 20 години имаше магли, па мирисаше на сулфур диоксид, киселини некои, па штипење на очите, но никој не ги мереше, потенцира Докиќ.

Она што можат граѓаните сами да направат е кога имаат можност да престојуваат на чист воздух. Кога е многу загадено треба да затвораат прозорци и да користат прочистувачи на воздухот. Кога излегуваат надвор, луѓето треба да носат маски со филтри, кои ги има во продажба во аптеките. Не е лошо во овој период да се земаат и антиоксиданси, посочува Докиќ.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1