Лекарите се предомислија за младата кумановка – и ја вратија паричната помош


Стручната лекарска комисија од Министерството за труд и социјална политика го разгледа предеметот на Даниела Бошковиќ (34) од Куманово, изврши увид во нејзиниот дом и одлучи дека таа ќе оствари право на постојана парична помош, информираат надлежните од кумановскиот Центар за социјални работи, пишува Бриф.

Ова е експресна реакција на Минстерството откако пред нецела недела ситуацијата на Даниела се објави во медиумите и наиде на жестока реакција.

МЛАДА КУМАНОВКА СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ – ЛЕКАРСКА КОМИСИЈА УТВРДИЛА ДЕКА Е РАБОТНОСПОСОБНА

karcinom-daniela-2

Првично, како што информира директорот на Центарот Даниел Живачки, првостепената и второстепена лекарска комисија го одбиле барањето на кумановката поради немање соодветна лекарска документација. Таа повторно поднела барање на 4 јуни годинава. А членови на комсијата кои повторно ја посетија одлучиле да и го вратат правото на постојана парична помош.

Таа е веќе е корисник на паричен надоместок за помош и нега на друго лице во вредност од 3.840 денари, а постојаната парична помош ќе изнесува 3.550 денари.

Што се однесува до барањето на Бошковиќ, која живее со две малолетни деца под кирија, за регулирање на станбеното прашање, од Центарот информираат дека не се надлежни, но додаваат дека како институција ќе ја известат општината која согласно своите ингеренции може да постапува по оваа прашање.

Бриф.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1