Лепа Брена е во депресија – убедена е дека некој и фрлил клетва


По низата лоши настани во нејзиниот живот, Брена е уверена дека некој фрлил клетва на неа и се наоѓа во депресија. Нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ не се одделува од неа во болницата, каде таа лежи со двете раце во гипс и не може ништо да направи без помош.

boba-zivojinovic-lepa-brena-gips-ruka-operacija-foto-damir-derivsagic-i-fb-1406536691-542039По низата негативни настани во нејзинито живот – од киднапирањето на нејзиниот син Стефан, преку операцијата на тромб на левата рака, губењето на нејзиниот татко, па се до последниот несреќен пад на одмор по кој заврши со двете раце во гипс – Брена е во депресија и мисли дека некој фрлил клетва на неа – пишува српски Телеграф.

– Таа важи за силна личност но падот и беше последна капка во чашата. Ја окупираа црни мисли и повторува дека е проколната. Двете раце и се во гипс и оперирана е, па се чувствува немоќно. Рацете и се фиксирани и не може ништо да направи, нервозна е што зависи од други, бидејќи е навикната таа да ја има контролата – вели извор за „Информер“.

Таа има силни болки, а од неа не се одделува сопругот Боба Живојиновиќ кој ја храни и и помага полесно да заздрави – пишува Блиц.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1