Летонија на полноќ го воведe еврото


Летонија ноќеска на полноќ ќе го воведе еврото како официјална валута, што на 15-годишнината од лансирањето на еврото во 1999 година, ќе значи дека Еврозоната ќе има 18 земји-членки, а 333 милиони Европејци ќе ја делат истата валута, јавува дописникот на МИА од Брисел

Од Европската комисија информираат дека ова е огромно постигнување за Летонија и за Еврозоната како целина.evropska-unijaЛетонците ќе започнат да повлекуваат евро во готовина од банкоматите и сите купо-продажби ќе ги вршат во официјалната валута на Европската унија. Според Комисијата, сето ова беше овозможено благодарение на темелната подготовка на Летонците во пресрет на воведувањето на единствената валута.

Претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо пора;а дека е воодушевен и ја поздрави Летонија како 18-ти член на Еврозоната.

– Ова е голем настан, не само за Летонија, туку и за еврото, бидејќи останува стабилна, атрактивна и отворена валута за усвојвуање од страна на нови земји. За Летонија, пак тоа е резултат на импресивни напори и непоколеблива определба на власта и на летонскиот народ. Благодарение на овие напори, преземени како последица на длабоката економска криза, Летонија ќе влезе во Еврозоната посилна од било кога – посочи Барозо.

Според првиот човек на неформалната влада на ЕУ, случајот со Летонија е испраќање охрабрувачка порака до другите земји кои се подложени на тешко економско приспособување.

“Во име на Европската комисија и мене, упатувам искрени честитки до Летонија и најдобри желби за во иднина”, додаде Барозо.

Приклучувањето на Еврозоната е заокружување на летонското патување назад кон политичкото и економско срце на нашиот континент, и тоа е нешто што сит ение треба да го прославиме – порача Рен. Како што е познато, Европската унија има 28. земји-членки, од кои само 18. Го имаат еврото како официјална валута, при што од 2007 година, сите држави што се приклучиле на ЕУ имаат обврска да влезат во Еврозоната, откако ќе ги исполнат сите услови за тоа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1