Летва пијана жена пилот сакала да вози авион со 254 патници


Австралиската компанија ,, Кантас ервејз,, ја суспендирала жената пилот која се обидела да полета со авион полн со патници додека била под видно дејство на алкохол.

Инцидентот го потврдило и аустралиското регулаторно тело за цивилна авијација.

Дека е летва пијана ја приметила посадата која веднаш јавила во контролата на летање која пак веднаш и забранила да полета со боингот 767 во кои имало 254 патници.

Според портпаролот на управата за безбедност Питер Гибсон алко тестот покажал дека таа го имала преминато лимитот пропишан за пилоти од 0.02 проценти алкохол во крвта. Но не се објави колку точно алкохол имала.

Инаку авионот требало да лета од Сиднеј за Брисбен. Од 2008 до сега 45 австралиски пилоти ја преминале дозволената граница на алкохол во крвта.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1