Се активираше вулканот од „Господар на прстените“


Вулканот на планината Тонгариро на Нов Зеланд почна да исфрла камења и тенок слој на пепел на неколку километри околу него, поради што откажани се голем број на летови, а автопатите се привремено затворени.

Вулканот кој е дел од планинскиот масив Тонгариро, во средишниот дел на островот, каде се снимени сцените од филмот „Господар на прстените“, се активираше на полноќ, а според изјавите на очевидците експлозии се слушале наоколу и се појавил голем облак од чад и пепел.

Полицијата соопштила дека нема повредени и дека за сега нема причинето никаква материјална штета.

Ерупцијата на вулканот е прва по 1897.

Премиерот на Нов Зеланд, Џон Кеј изјавил дека властите внимателно ја следат ситуацијата.

Станува збор за ерупција која ги изненади научниците бидејќи вулканот беше во мирување подолго од еден век. Благата сеизмичка активност во подножјето на планината била регистрирана неколку недели пред ерупцијата но на научниците ништо не му наговестило дека ќе дојде до активирање на вулканот.

Нов Зеланд лежи врз таканаречен „пацифички огнен прстен“, каде доаѓа до судар на тектонски плочи што доведува до земјотреси и ерупција на вулканот.

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1