Листа на должници на УЈП: Данок не платиле познати бизнисмени но и МРТ, општина Карпош, Македонија пат


На најновата листа на должници што ја објави Управата за јавни приходи (УЈП) повторно има и јавни претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост.

Вкупно 164,7 милиони евра е вкупниот долг на граѓаните и на фирмите кои се на листата на најголеми должници на Управата за јавни приходи (УЈП). Институцијата го објави последниот список на кој се најдоа 2.069 фирми и 1.812 физички лица.

Прв најголем должник е охридски Отекс чиј долг изнесува безмалку 14 милиони евра. Но должници се и јавни и комунални претпријатија. ЈП Македонска радиотелевизија должи на пример 1,6 милиони евра.

Македонија Пат е речиси на врвот на листата, има вкупен долг од 6 милиони и 242 илјади евра, во најголем дел за ДДВ, а во помал за данок на добивка.

Комуналното претпријатие од Гостивар има вкупно за плаќање 2 милиони и 965 илјади евра, комуналното од Тетово нешто над 2 милиона евра, Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти должи 745 илјади евра. На листата се и Чистота и зеленило од Куманово, ЈП МЖ Инфраструктура, Македонска радиодифузија, Македонска радио телевизија…

Со долг од нешто над 2 милиони евра на списокот е и загубарот Еурокомпозит од Прилеп чии работници минатата недела штрајкуваа пред Владата барајќи ги 18-те заостанати плати и придонеси за 4 години.

На листата на должници има и десетици имиња на познати компании и бизнисмени. Списокот се објавува секој месец и во него ги има сите компании кои должат над 300 илјади денари и физички лица со обврски над 120 илјади денари по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ – УЈП

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1