Листа на забранети имиња на деца


 

Во светот постојат бројни примери за забранети имиња, а овие се само некои од нив. Ќе се изненадите во колку земји постојат огромни списоци на имиња кои се забранети да се даваат на децата во таа земја.

На почетокот на 2011 година, Папата Бенедикт XVI, ги замолил родителите на своите деца да им даваат имиња од христијанскиот календар

1.Talula Does The Hula From Hawai – Нов Зеланд

Ова име му припаѓало на едно деветогодишно девојче пред судијата да и го промени името во текот на борбата за старателство.  Судијата рекол дека ова име од детето прави будала. Во Нов Зеланд се забранети имиња кои би можеле да бидат навредливи и имиња на земји

2. Петок или Venerdi (Италија)

Во Италија е забрането на децата да им се даде името Петок, бидејќи детето може да биде изложено на исмејување

3.Мост или  Gesher (  Норвешка)

Кристи Ларсен во 1998 година  поминала два дена во затвор поради тоа што не сакала да плати казна поради тоа што името кое му го дала на детето било забрането. Таа го крстила своето дете Gesher што значи мост.

4. Смрдлива глава( Малезија)

Властите во Малeзија во последните неколку години почнале да се занимаваат со тоа кои имиња треба да бидат забранети, односно да ги остранат оние кои не се во склоп со религиозната традиција на таа земја. Едно од тие имиња е смрдлива глава која е во таа земја забрането веќе шет години.

5 Еден пар во Кина пронашло оригинално име за дете што не е многу прикладно за таа земја. Симболот@ потсетува на кинески знак што значи – го сакам, но властите сепак не го дозволуваат ова име.

6 Анус-Данска

Во Данска постои список од 7000 дозволени имиња , па поради тоа сите родители кои отстапуваат од овој список мора да имаат дозвола за тоа. Постои список од 250 забранети имиња, а името Анус е токму едно од нив.

7 НЛО или OVINS ( Португалија)

На листата на за забранети имиња во Португалија се наоѓа името  NLO (Ovins),додека Мерцедес е дозволено име. Во оваа земја постојат 80 страници со забранети имиња.

8.  Ѓавол или Akuma ( Јапонија )

Родители во Јапонија на своето дете му дале име ѓавол, а властите веднаш го промениле името на детето.

Tags: , , ,

Ирена Чачкова

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1