Кои се најопасните европски политичари и зошто?


Она што е заедничко за Виктор Орбан, Алексис Ципарсу, Силвио Берлускони, и Марин Ле Пен според германскиот „Der Spiegel“, е тоа што сите тие се на листа на “десетте најопасните политичар во Европа.”

Луѓето како баварскиот министер за финансии, Маркус Содер, Алексис Ципрасу кој го предводи левичарскиот грчки Сириз, Французинката Марина Ле Пен – лидер на Националниот фронт,  екстремната десничарска партија на унгарскиот премиер Виктор Орбан и поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е попознатата половина на оваа листа на германскиот весник.

На листата ги има и Тимо Соини, кој ја предводи финската националистичка партија „Вистински Финци“, потоа Герт Вилдерс, лидерот на холандската партија за слобода, Најџел Фараж, претседател на Независната партија на Велика Британија и член на Европарламентот, како и Хајнц Кристијан Штрахе, претседател на Партијата на слободата на Австрија.

Што имаат заедничко сите тие? Една работа е сигурна, а тоа е дека сите тие се избрани на слободни избори од страна на гласачите во нивната земја. Слободните избори се убава работа, но не и кога Европа е во прашање.

На пример, Грција не сака да ги слуша диктатите од Брисел, Финците не сакаат да плаќаат за грчкиот долг. Сите тие се опасни но не поради нешто друго, туку поради тоа што веруваат дека постои алтернатива во претставувањето на европската политика, а тоа е доволно за да бидат прогласени за опасни. „Италијански филозоф Џордано Бруно беше изгорен на клада, бидејќи тој имаше поинаков став, а тоа тогаш се нарекуваше ерес.

Подоцна во историјата постоеја “непријатели на народот” и “непријатели на државата”. И кога се покажа дека социјализмот не е толку добар во пракса како што се прикажуваше во теорија, имаше само негативни елементи” пишува Der Spiegel. Во весникот пишува и дека денес, идејата за голема Европа жестоко се брани како што се бранеше идејата за социјализмот пред 25 години, а судбината може да им биде еднаква, се вели во весникот.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1