Листерија во свински врат што прилепчанец го однел на испитување


Во претходно отворен примерок сецкан свински врат од „Екстра-меин“, кој приватно лице од Прилеп го однел на испитување кај инспекторите, е најдена бактеријата листерија, над дозволените количини, објави попладнево министерот за здравство Никола Тодоров

Бактеријата, како што информираше била најдена и во уште еден производ, исто така донесен од граѓанинот, на чија што амбалажа не бил означен лот, т.е. серија на производство.

Тодоров изјави и дека бактеријата била најдена и во суровина, земена на испитување од производството. Испитувањето, пак, истакна, покажало дека се поклопува генотипот од производите со оние од заразените од листериоза.

listerija_vo_prilep

Тој потврди дека не е акредитирана методата со која се прави генотипизација, а според него, ирелевантно е колку од заболените кажале дека јаделе сецкан свински врат, зашто бактеријата може да разболи од 2 до 70 дена по внесување во организмот.

Сите наоди, рече Тодоров, се доставени или ќе бидат доставени до основното јавно обвинителство, до кого пред неколку недели поднесе кривична пријава против непознат сторител.

На изјавите на министерот за здравство реагираа од компанијата „Екстра-меин“.

– Директно Ве прашуваме дали знаете дека методот за утврдување на генотипизација не е акредитиран од страна на Институт за акредитација и со тоа се побиваат сите обвинувања дека има листерија во сечканиот врат – се вели во соопштението.

Оттаму прашуваат дали министерот го прочитал извештајот на директорката на Центар за јавно здравје Велес во кој вели дека не ја исклучува можноста, при транспорт и одмрзнување на примероците да извршиле “загадување“ со споменатата бактерија, „со тоа што истакнува дека не носеле соодветна опрема за транспорт на земените мостри“.

– За суровините земени за анализа од Екстра Меин, за кои Вие велите дека се позитивни ние поседуваме резултати од две акредитирани лаборатории каде што истите се негативни на присуство на листерија – стои, меѓу другото, во реакцијата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1