Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и до крајот на денот облачноста ќе се зголемува. Преку денот ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 25 степени.
Во среда времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд особено во западните и јужните делови од земјата. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер.
Променливо облачно и свежо ќе биде и во четврток, а ќе продолжи да дува и повремено засилен ветер – температури од 15 до 22 степени.
во петок од 18 до 25 степени, по што доаѓа период на сончево и потопло време и пораст на дневните температури во текот на викендот.
Во следните денови потоа ќе биде стабилно и суво со пораст на дневните температури.