Лосионот од јагоди штити од УВ зраци


Откако повеќе видови на овошје беа тестирани со цел да се открие кое најмногу штити од штетните УВ зраци, открено е дека најдобар заштитник се јагодите.

Јагодите содржат антоцијан, пигмент со сино –црвена боја, а според научниците овој екстракт е клучен за заштита на кожата.

Екстрактот од јагода ја штити кожата од ултравиолетовите зраци и од оштетување, покажува најновото изтражување на оваа тема. Италијанскиот научник и креатор на студијата, Маурицио Батино од “Universita Politecnia delle Marche “, изјави:

„Ја верификувавме заштитата која екстрактот од јагода му ја пружа на кожата од штетните УВ зраци. Откако создадовме ќелии од кожа, 90 минути ги изложивме на сонце,  ги намачкавме со екстрактот од јагоди и увидовме дека таа кожа беше најмалку оштетена. Податоците потврдија дека овој екстракт, особено со концентрација од 0.5 мл, штити од радијација. Исто така беше поголем бројот на преживеани ќелии, а намалено оштетувањето на ДНК.“

Соработничката Сара Тулипани од универзитетот во Барселона изјавила дека оваа нова формула со екстракт од јагода има анти-инфламаторно дејство, штити од рак на кожата и е голем антиоксиданс.

Tags: , , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1