Од чаден лосос, заразен со салмонела, се разболеле најмалку 200 луѓе во Холандија, а со оглед на фактот дека истата фирма извезувала и во Америка се истражува дали лососот е причина за болеста на 85 лица во 27 држави во Америка од 1 јули досега.
Холандскиот национален институт за јавно здравје и животна средина информира дека трагите од испитувањето на лосост водат до големата холандска фирма „Фопен“, која им продава риба на супермаркетите во Холандија и ширум светот.
„Фопен“ уверува дека заразената риба не е продадена на други земји. Оваа фирмата обработува риба во Холандија но има свои фабрики и во Грција.