Министерството за внатрешни работи информира дека, 22-годишната Р.М. од Струмица на девети декември се обидела да ја запали куќата на момчето со кое предходно била во врска.
Таа во дворот на куќата на улицата Кирил и Методиј запалила дрва и пластични предмети, предизвикувајќи пожар пред влезната врата.
Струмичката полиција поднесе пријава против Р.М. за сторено дело “предизвикување општа опасност“.