Луѓето биле вешти риболовци и пред 42 илјади години


Повеќе од 39 илјади рибини коски и три јадици за фаќање риба се откриени во Јерималаи во источен Тимор на 50 метри надморска височина, изјавила Су О` Конор од одделот за археологија на Австралискиот Национален Универзитет.

– Никогаш не било назначено каква била поморската технологија на луѓето и каква риболовна опрема имале тие пред 40 илјади години, изјавила О` Конор, водечки автор на истражувањето.

– Модерниот човек имал можност да патува на колеми растојанија пред 50 илјади години кога Австралија била колонизирана, но доказите за напредниот морски риболов биле многу ретки, додава таа.

Истражувачите до сега нашле докази за риболовот на отворено море и истите биле стари 12 илјади години.

О`Конор и нејзините колеги откриле коски и јадици во еден квадратен метар од една јама оддалечена 300 метри од брегот.

– Сите коски кои ги пронајдовме внатре се резултат на човечки оброк од пред 40 илјади години, изјавила О`Конор.

– Живееле во ова засолниште и среќни сме што целиот материјал бил добро сочуван во јамата, додала таа.

Јадиците се направени од коска од голем морски полжав.

– Тоа се многу цврсти јадици…мислиме дека само ставале мамец на нив и од брод ги фрлале јадиците во морето, вели археологот.

Рибините коски биле од 23 видови риби вклучувајќи туна.

– Туната е риба која доаѓа од длабоките води на морето. Нејзе најверојатно ја ловеле со јадица, изјавила О`Конор.

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1