Убиец се јавил да се предаде – му рекле немаме слободни полицајци да те приведат – на крајот сам си отишол во станица


Полицијата во Детроит истражува зошто осомничен за убиство морал дури двапати да се предава на полицијата пред да им текне да го уапсат.

36-годишниот маж на забава застрелал 4 лица. Две лица починале, две се во критична состојба. Неколку часа подоцна тој самиот отишол во противпожарна станица да се пријави и им кажал на пожарникарите дека тој е напаѓачот.

Пожарникарите веднаш ја алармирале полицијата, но дежурниот им кажал дека имаат гужва дека сите се на терен и нема кој да оди да го собере убиецот. Убиецот упорен да се пријави си заминал сам од пожарната и отишол во полицијата. Таму му направиле записник и го притвориле. Шефот на полицијата во Детроит, Ралф Годби, ова го нарече срамен потег и најави истрага за да се утврди кој е одговорен.

Сепак шерифот се ставил и на страната на полицајците изјавувајќи дека треба да се види дали можеби навистина немало слободни полицајци, но додаде дека сепак требало веднаш да го приведат лицето„

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1