Луѓето кои зборуваат премногу имаат проблеми со себе


Голем број луѓе се чувствува непријатно во тишина, па почнуваат да зборуваат, да пуштаат радио, телевизија, да свиркаат, да пејат.

Сепак, има луѓе кои не можат да издржат во тишина, па нон-стоп зборуваат, а не се ни свесни за тоа. Почнуваат да се замислуваат дури тогаш кога роднините и пријателите ќе почнат да им посочуваат дека многу зборуваат или кога ќе почнат да ги избегнуваат.

Некои луѓе реагираат панично на тишина и нон стоп зборуваат, а според психолозите тоа го прават за да имаат главен збор и контрола над секоја ситуација во која се чувствуваат сигурно. Голем број од луѓето кои не знаат како да се справат со своите проблеми, со претерано зборување бегаат од своите мисли. Кога константно зборуваат не се во состојба да го слушнат внатрешниот дијалог кој се одвива во нив самите.

Така, до нив не допираат нивните стравови, желби, фантазии. Иако е познато дека претераното зборување е добар заштитен механизам од тешки проблеми, проблемот настанува кога зборувањето влијае негативно на другите луѓе.

Доколку имате чувство дека премногу зборувате, тогаш сигурно е така. Во тие случаи важно е да се фокусирате на дишењето, затоа што ако мислите на дишењето, нема да имате многу време за зборување. Втор начин е кога и да кажете нешто, реченицата да ја завршите со прашање и со тоа наместо вие да зборувате постојано ќе го поттикнете соговорникот да зборува.

Share Button

Tags: , ,

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1