Научниците откриле дека поединците кои имаат АБ крвна група, која е и најретка, имаат 23 отсто повисок ризик од срцев удар во споредба со сите останати.
Луѓето со крвна група Б имаат 11 отсто поголем ризик, а со крвна група А пет проценти поголем ризик во развојот на срцеви болести.
Научниците веруваат дека крвната група нулта има одредени супстанци во крвта кои ја потпомогнуваат циркулацијата на крвта и ја намалуваат можноста од засирување на крвта, со што се намалува и ризикот од срцев удар.
Крвната група А поврзана е со зголемено ниво на LDL – лош холестерол во крвта, додека крвната група АБ е поврзана со зголемен ризик од настанување на воспаленија, кои имаат клучна улога во оштетувањето на артериите.
– Луѓето не можат да си ја променат крвната група, но можат да ги променат своите животни навики, доколку знаат дека се во група која е подложна на срцеви болести, изјавил професорот Лу Ки.
– Треба да внимавате на здравите животни навики, да престанете со пушење, да ослабите малку и редовно да вежбате. На тој начин не мора да се грижите за тоа дали вашата крвна група носи поголем ризик за инфаркт, нагласил Ки.