Мафијата на српски хакер му отсекла 3 прста


Црногорската полиција уапси шест членови на загоричката група како и Милош Чујовиќ (28) од Белград, осомничени за хакирање на сметки во странство, од каде се офајдиле за околу еден милион евра.

Ова е прво апсење од овој тип на измама во Црна Гора. Чујовиќ е познат како првиот човек во Србија уапсен за интернет измама во 2003 година. Полиција имала информации дека избегал од земјата, кога поради нерешените финансиски сметки подземјето му отсекло три прсти на раката.
Во Подгорица беа уапсени браќата Никола (24) и Небојша Марковиќ (26), Бојан Пејовиќ (25), Драган Ковачевиќ (32), Радоња Вулевиќ (30), и Слаѓана Меденица (27) сите во договор со Милош и со помош на неговаите компјутерски познавања хакирале сметки во Европа и парите си ги префрлувале на банкарски сметки во Црна Гора. Делеле пола пола. Прво си префрлувале помали суми секој ден по 1000 2000 евра но потоа се полакомиле и префрлувале суми и од  50.000 и 150.000 евра за наводни инвестиции во Црна Гора. Банката ги пријавиле. Запленети им се пари кои неуспеале да ги подигнат во износ од 488.200 швајцарски франци и 555.428 €. За сума од 195.474 €, утврдено е дека се потрошени за луксузни автомобили и забава на крајбрежјето.

На сослушувањето негирале дека биле дел од компјутерска измама и тврделе дека им наместила полицијата.

– Иако е познат како врвен хакер, тоа е главно поврзан со луѓе кои имаат криминално досие. Така и останал без трите прста кога не ја исплатил сумата која ја ветил. Кога бил уапсен во Белград, меѓу другото, во неговиот стан откриени биле и електрична гитара во вредност од $ 25.000, и “Кавасаки”, која му го доставиле од аеродромот, а купени со украдени интернет пари.

Share Button

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1