Телата на мајката и синот ги пронашол нивниот прв комшија Милан Вејновиќ, кој веднаш ја известил полицијата.
– Често им носев храна да јадат, па и на тој ден им донесов месо и колачи. Не ги видов во куќата, а кога се качив на таванот, ме затекна ужасна глетка, изјави Вејновиќ и додава дека и на него не му е јасно поради што го извршиле самоубиството, бидејќи не живееле во голема беда и сиромаштија.
– Мажот на Душанка умре пред десетина години, па двајцата останаа сами. Избегаа за време на војната, но пред неколку години повторно се вратија во Јасеница. Имаа стока, не живееа во голема сиромаштија. изјави Вејновиќ.
Според неговите зборови синот Бране често говорел за тоа дека кога ќе умре мајка му, самиот ќе си пресудел.
– Тие беа многу добри луѓе, но Бране беше навистина депресивен човек. Постојано зборуваше за тоа како ќе се убие, но никогаш не дознав поради што го повторува тоа цело време, додава Вејновиќ.