Мајка полагала матура место нејзината ќерка


Педесет и едногодишната Каролин Д.се обидела да полага матура место нејзината ќерка Летиција (19) на испитот по англиски јазик, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Веста за овај необичен начин на полагање матура, ја пренесе парискиот весник „Паризиен“, кој појаснува дека обидот за измама се случил во испитниот матурски центар во гиманзијата Босу-Нотр-Дам во Париз.

testСо патики „конверс“, џинс со ниска половина и шминка на очите кои го подвлекуваат погледот, мајката била убедена дека разликата од 32 години нема да биде видлива пред очите на контролорите. Но, обидот за измама завршил пред крајот на испитот… во полицискиот комесаријат каде беше спроведена од четворица полицајци.

Два часа претходно, оваа средновечна жена ги поминала сите контроли се до испитната сала, нејзината ќерка не учела во таа гимназија, а и фактот дека многу повозрасни луѓе полагаат матура не предизвикало сомневања кај контролорите, кога таа се нашла меѓу младите матуранти.

Во 14 часот, на почетокот од испитот по англиски јазик, Каролин Д. седнала на клупата, ги извадила пенкалата и се подготвувала да одговори на писмената задача, што требало да трае три часа. Но, само неколку минути подоцна една од контролорките на испитот, која била задолжена да го провери идентитетот и која го контолирала испитот по филозофија во понеделникот веднаш открила дека не станува збор за истото лице.

Одговорниот на испитниот центар веднаш бил информиран за иинцидентот, но испитот што штотуку почнал не бил прекинат. Евентуалната интевенција можела да го наруши испитот и да доведе до негово поништување во целата академија.

По консултациите со ректоратот на акдемијата, била информирана полицијата која пратила четворица полицајци во цивилна облека да ја сочекаат несудената матурантка на излезот од салата.

По два часа минати над задачата таа била повикана да излезе од испитната сала, што го направила без проблем. Веднаш потоа била спроведена во полицскиот комесаријат каде била сослушана за присвојување на идентитет и обид за подобрување на оценката по англиски на нејзината ќерка.

Каролин Д; го признала делото и наскоро треба да биде сослушана пред суд.

Според образовно-воспитните власти најголема одговорност ќе сноси ќерката вистинската матурантка, која ризикува да добие забрана да полага официјален испит за период до пет години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1