Татко го заборавил синчето во кола, детето починало поради жештината


Италија е во шок и неверување по трагичната случка кога еден татко го заборавил својот син во кола, а детенцето поради екстремните температури починало.

detetokolaКога 39-годишниот Андреа Албанезе наводно заборавил да го остави синот во градинка, заедно со детето се паркирал пред ресторанот каде што работел.

Тој вели дека бил толку сконцентриран на некој проект за на работа, што сосема изумил да го однесе 2-годишниот син Лука во градинка.

Детенцето пминало 8 часа во затворената кола, каде температурата се претпоставува дека достигнала и 60 степени Целзиусови, по што починало.

Докторите сметаат дека Лука починал поради задушување. Таткото моментално е под формална истрага за убиство од невнимание, а телото на момчето е предадено на обдукција.

Kurir

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1