Мајка: За да ја донесе на свет својата ќерка, се откажала од својот живот


Млада жена од Њујорк по име Елизабет Џојс починала само неколку дена по раѓањето на нејзината ќерка, а целата емотивна приказна ја раскажува нејзиниот сопруг Макс.

elizabet.jpg500За да го спаси животот на нејзиното дете, Елизабет Џојс одлучила да го жртвува својот живот.

Во септември 2010 на младата Елизабет и бил дијагностициран сарком. Таа, кога ги добила лошите вести, на својот партнер Макс му кажала дека нема да се бори, но тој направил прстен од алуминиумска фолија и ја замолил да се омажи за него.

– Сега ќе мораш да се бориш! – и рекол Макс.

По операцијата и неколку хемотерапии Лиз го победила ракот. Но животот на овој млад вљубен брачен пар не продолжил без проблеми.

276521-0bd88828-b805-11e3-8a33-c23c348170ff

Иако Елизабет била здрава, лекарите ја известиле дека никогаш нема да може и нема да смее да забремени. Но минатата година тоа се случило – Лиз му кажала на Макс дека ќе имаат дете.

– Јас скокнав од радост кога ја слушнав веста. Ни беше кажано дека никогаш нема да се случи но Елизабет била бремена – изјавил нејзиниот сопруг Максвел, за  Њујорк пост .

Но, наскоро нова црна сенка се надвила над оваа идилична слика – еден месец подоцна , двојката дознава дека малигниот тумор се вратил …

Лекарите и понудиле на мајката тежок избор – или да се откаже од своето дете или од својот живот. Младата жена решила да продолжи со бременоста и да го роди детето, и по цена на сопствениот живот.

– Таа ми рече дека никогаш не би си простила, ако не може да остане бремена по прекинот на оваа прва бременост. Таа знаеше дека тоа беше нашата единствена шанса да имаме дете  –  вели Максвел.

Малата Лили се родила без проблем но веднаш по нејзиното раѓање здравјето на Елизабет многу се влошило. Туморот се проширил во белите дробови, го зафатил срцето и стомакот.

family_shot_hospitalimage[1].jpg
liz_joice_hospital_bed– Со солзи во очите , рековме збогум –  се сеќава Максвел.

– За кратко време, бевме семејство.

Елизабет почина на 9 март во болница со Макс покрај себе, една недела по раѓањето на нивната ќерка .

Kurir

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1