Македонец по потекло од Голо Брдо е втор човек на албанската метропола.
По превземањето на функцијата градоначалник на Тирана од страна на Ерион Велиај, од Социјалистичката партија, за негов заменик е наименуван Арбјан или како што пријателите го нарекуваат Арби Мазнику, пренесува МИА.
Веста ја потрвдија претставници на македонските асоциации во Албанија, кои оценуваат дека тоа е многу значајна функција и придобивка за многубројната македонската заедница во Тирана.
Марзнику живее во Тирана, но потекнува од селото Врмица, област Голо Брдо.
Ова не му е прва висока функција. На новата должност доаѓа од местото заменик министер во Министерството за образование и спорт.