Македонски државјанин е осомничен дека извршил 2 вооружени грабежи на банки во Грција.
33 годишен македонски државјанин е осомничен за грабеж на банка во јуни годинава, како и за грабеж пред дваесетина дена на островот Евија, јавува Канал 5.
Македонецот заедно со уште еден 56 годишен соучесник, влегле во банката како клиенти, а потоа заканувајќи се со пиштоли ги зеле парите од вработените.
Во првиот случај, украле 12 500 евра, а на 10 ти септември од банката во Евија, 3 675 евра.
Двајцата се во бегство, но грчката полиција има информации за нивниот идентитет и трага по нив.