Судот во Белград извести дека на македонскиот државјанин Сашо Богески кој живее и работи во српскиот главен град ќе му се суди за кривично дело убиство. Богески пред две година, во самоодбрана го уби крадецот Владимир Маниќ кој го ограбувал неговиот стан, објави Блиц.
Во обвинителниот акт пишува дека Маниќ влегол во станот, додека во домот бил Сашо, заедно со сопругата и двете малолетни ќерки. Крадецот бил познат арамија и наркозависник.
Кога Богоески го видел Маниќ почнал да вика по него да си замине, но тој од под пазувите извадил штрафцигер и го нападнал. Во еден момент газдата дофатил кујнски нож и го пробол Маниќ, кој ранет избегал од станот.
За брзо време бил пронајден од полицијата, но починал во болница.