Македонија ќе отвора банка за матични клетки – Владата ќе инвестира


Владата одлучи да инвестира во банка на матични клетки во Македонија. Банката за чување на матични клетки ќе биде во специјализиран простор на не помалку од 700 метри квадратни, а покрај болниот донор крвните роднини на донорот со матичните клетки ќе можат да се лекуваат и лица кои не се во крвна врска со самиот донор.

Досега македонците плаќаа 2.500 американски долари за чување на матични клетки во Брисел и Солун, сега велат од владата за пониска цена ќе можат да го сторат во Македонија.

– Учеството на државата во овој процес, ќе овозможи помала цена на услугата, но и значително поголема достапност за оваа услуга за граѓаните. Со домашната банка во секој момент би можеле да се користат клетките кои се замрзнати, а би се намалиле и трошоците за транспорт во двата правци и за самото вадење на клетките и обезбедување на примерокот, вели владиниот портпарол Ѓорѓиев.

Оваа банка, би овозможила и лекување на трети лица кои се сродни по типизација со донорот иако немаат крвна врска, за што би се формирала и база на донори, чии клетки може да се користат во соодветна процедура која ќе биде утврдена со закон.

Веќе е во процедура изработката на физибилити-студија за формирање банка на матични стен-клетки по пат на јавно – приватно партнерство. Студијата треба да биде готова до крајот на првиот квартал од 2013 година. Се очекува во рок од шест месеци по финалната одлука на Владата и отворање на банката.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1