Во скопското село Кучково синоќа избил пожар кој од утринава го гаснат пожарникарите со помош на педесет вработени од Дирекцијата за заштита и спасување.
Пожари има и кај селата Радуша, Рашче, а гори и кај селото Гургурница. Пожарникарите се борат со огнената стихија и кај селото копанце каде гори ниско – стеблеста шума и сува трева. Активен пожар е регистриран и кај селото Бојанце.
Се уште е активен и пожарот кај липковското село Пресница. Зафатена е дабова шума, бука и габер. Во гаснењето учествуваат четири лица од Шумското стопанство „Куманово“ и 15 лица од месното население. Теренот е непристапен и поради тоа е отежнато гаснењето.
Пожарот во атарот на селото Танушевци е ставен под контрола, каде изгоре букова шума и сува трева.