Наркоман заразен со хепатит Ц им ги одгризал ушите на две момчиња – Фото


Зомби филмовите преточени во реалност, две момчиња минатата недела побарале лекарска помош – биле жртви на канибалистички напад од наркоман заразен со хепатит Ц!

Немања Вучиќ и Немања Јеремиќ (18)  од Лазаревац облеани во крв со „одгризани“ уши влегле во амбулантата, лекарите помислиле дека станува збор за напад од куче, но вистината ги ужаснала. Разбеснетиот канибал Станојевиќ го нападнал прво 18 годишниот Јеремиќ кој во моментот продавал бостан, момчето успеало да се отргне благодарение на неговиот газда.

По само половина час го нападнал и Вучиќ кој заедно со својата девојка седел во кафуле во центарот на Лазаревац. Кога до него се доближил 28 годишниот Станојевиќ, момчето помислило дека сака да се поздрави, но во следниот момент половина од неговото уво се нашло во устата на канибалот, кој потоа го исплукал на тротоарот. За среќа и покрај големиот шок нападнатиот бил доволно присебен да го земе „одгризеното“ парче и да го однесе да му го зашијат.

Но тука не завршува драмата на двете жртви, по дознавањето дека наркоманот е заразен од Хепатит Ц, немаат мирен сон, со нетрпение ги чекаат резултатите од крвта. Јеремиќ вели доколку е заразен не би знаел што со себе. Градот е лут на полицијата, зошто дозволила по улиците да шета непресметлив наркоман кој според информациите вакво нешто сторил и пред десетина години, тогаш нападнатиот  човек завршил в болница со „одгризан“ нос.

Share Button

Tags: , , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1