Македонија повторно под пламен! Активни шест пожари


Пожари на шест локации во зејава, во скопскиот, кумановскиот и тетовскиот регион.

Во скопското село Кучково синоќа избил пожар кој од утринава го гаснат пожарникарите со помош на педесет вработени од Дирекцијата за заштита и спасување.

Пожари има и кај селата Радуша, Рашче, а гори и кај селото Гургурница. Пожарникарите се борат со огнената стихија и кај селото копанце каде гори ниско – стеблеста шума и сува трева. Активен пожар е регистриран и кај селото Бојанце.

Се уште е активен и пожарот кај липковското село Пресница. Зафатена е дабова шума, бука и габер. Во гаснењето учествуваат четири лица од Шумското стопанство „Куманово“ и 15 лица од месното население. Теренот е непристапен и поради тоа е отежнато гаснењето.

Пожарот во атарот на селото Танушевци е ставен под контрола, каде изгоре букова шума и сува трева.

 

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1