Пападополу си оди од Скопје!


Александра Пападополу, Амбасадорката на Грција во земјава, барала да си замине од земјава и да ја извршува истата функција во некоја од прекуокеанските земји, објавуваат медиумите.

 Информацијата дека Атина ќе испрати нов амбасадор во Скопје за “Дневник“ ја потврдија дипломатски извори од македонска и од грчка страна.

 Според извори од Министерството за надворешни работи, Пападополу самата сакала да замине од Македонија и барала од грчкото министерство за надворешни работи да добие амбасадорско место во некоја од прекуокеанските земји. Грчки дипломатски извори велат дека грчката амбасадорка ќе замине од Канцеларијата за врски во земјава до крајот на годинава.

 “Таа е на должност во Скопје повеќе од пет години, а вообичаено мандатот на амбасадорите трае три до четири години. Требаше да си замине уште минатата година, но поради економската криза, работите се пролонгираа“, велат грчки извори.

 Кој ќе биде наследникот на Пападополу во Скопје, не се знае.

 Советот на грчкото МНР донел одлука за амбасадорска смена во трите држави кои ги сметаат за клучни: САД, Турција и Велика Британија. На амбасадорот во Вашингтон, Василис Каскарелис, исто како и на Пападополу, веќе му бил истечен мандатот.

 

 

 

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1