Проститутка тужи хотел! Не и дозволил да си ја „брка“ својата работа.


Австралиски хотелиери VS проститутки!

Судската жалба на една проститутка сериозно ја затресе целата хотелска индурстија во Австралија. Судот пресекол во корист на сексуалната работничка – била жртва на дискриминација бидејќи сопственикот на еден мотел не и издал соба за да си ја „сработи“ својата задача.

Туристичките работници едногласни , нивниот збор треба да е последен за тоа какви „професионални“дејности ќе се вршат во нивните простории.

Адвокатот на тужениот, Дејвид Едвардс изјави дека проститутката бара отштета во висина од 32.000 американски долари.
Извршниот директор на хотелската асоцијација на Австралија Ричард Мунро оцени дека владата на Квинсленд и Австралија треба да ја разгледа можноста за измена на одредени закони со кои хотелиерите ќе имаат барем малку поголеми права на одлучување.

– Ова е апсолутно нелогично. Ако некој фризер реши да отвори свој салон во некој од мотелите и  едноставно таму ги шиша своите клиенти, зарем сопственикот на мотелот нема да има право на никаква реакција, прашува Мунро.

Share Button

Tags: , , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1