Македонија прва во светот, но по невработеност!


Заедно со Конго, Судан, Белорусија и Јапонија, Македонија ја дели истата судбина, има најголема невработеност, пишува американскиот медиумски сервис „Си- Ен- Ен“. Според него Македонија го доби статусот земја со најголема невработеност. Во анализата на „Си- Ен- Ен“ забележани се пет држави со големи економски проблеми. Македонија го доби овој статус поради неверојатно високата невработеност од 31,2 отсто.

Според сознанијата на „Си- Ен- Ен“ Судан е земја со најлош економски развој, поради долгогодишните граѓански војни и социјалните немири кои целосно ја ограничија економијата. Република Конго е опишана како земја со најлош приход по глава на жител. Иако оваа земја има богати извори, сепак таа е „заглавена до гуша“ во проблеми со насилството, сиромаштијата и корумпираниот систем откако се здоби со својата независност од Белгија во 1960 година.

Како земја со најлоша инфлација е рангирана Белорусија. Според ММФ, во 2012 година, инфлацијата во Белорусија достигна 65.9%. Јапонија пак е именувана како земја со најголем долг.

 Иако економијата во земјата е фокусирана во развојот на технологијата, сепак долгот на владата е проектиран да биде 239% од брутодомашниот производ до крајот на оваа година.

 

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1