Испуштена е историската можност. Ја имавме. Особено во втората четвртина, во 15-тата минута. Имавме цели 20 поени предност против Доминиканската Република, 37-17. На теренот до тој момент постоевме само ние.
Ги газевме. И дали ни се врати потоа она што делумно им се ситевме на Грците. На полувреме тие имаа плус 12, а загубија. Ние имавме плус 13, 41-28. Одлична одбрана и примени 28 поени.
А во второто полувреме??? Можеби невероатни беа 53 примени поени против Ангола. Се надминавме овој пат. Примени се 58 поени. Но, да одиме по ред. Доминиканците започнаа крајно мотивирано во второто полувреме и веднаш влегоа во серија. Дојдоа до одлични за нив минус 3. Мекејлеб ја врати предноста на 9 поени разлика. И тогаш кулминираше катастрофалното судење на Канадскиот судија. Судеше се и сешто во корист на Доминиканците, фаули во напад кои само тој ги виде, во одбрана, на секаде. Нашите високи играчи влегоа во проблем со личните грешки. Антиќ и Чековски по 4, Самарџиски 3. А Доминиканците погаѓаа. И тогаш кога ќе промашеа следуваше офанзивен скок. Влеговме со само два поени предност во последниот дел.
Серијата продолжи. Катастрофалните НБА ѕвезди на Доминиканците во првото полувреме, сега не унишуваа. Гарсија погаѓаше за три, кога немаше да го стори тоа, Хорфорд скокаше, уфрлаше од втора шанса. Ако не од втора, повторно скокаше. Од трета. Ние не личевме на себе. Скршени се нашите срца. Конечни 86-76.
Залудни беа одличните 35 поени на Макејлеб. За секоја пофалба е и Самарџиски со 11 поени и 13 скока. Илиевски имаше 16 поени. Останатите под своето ниво. Капитенот затаи, влезе прерано во проблеми со личните.Одигра само 18 минути и прескромен 1 поен за него.
Кај Доминиканската република Гарсија заврши со 28 поени, а Хорфорд (трет пик на драфтот во НБА лигата и еден од најдобрите центри во цела лига) забележа дабл-дабл учинок од 14 поени и 15 скока. Сличен учинок имаше и Мартинез со 14 поени и 13 скока.
Што е тука е. Нашите кошаркари се враќаат дома. Олимпијадата за сега ќе остане неостварен сон. Допрва следуваат денови за совземање, анализа и коментирање. Како и зошто не успеавме да задржиме 20 поени предност??? Сега само тага и болка… И секако нетрпение за нови натпревари во кои повторно ќе изгинеме за МАКЕДОНИЈА…