Македонки се обидуваат да забременат со донирана сперма – 200 годишно


Сè повеќе жени во Македонија сакаат да забременат со донирана сперма. Според статистиките од неколку скопски клиники за вакво вонтелесно оплодување, околу 30 Mакедонки посакуваат да станат мајки, со донирана сперма, но најголем број жени за ваква интервенција доаѓаат од Србија, Босна и Херцеговина, Kосово и од западноевропските земји, бидејќи кај нив со закон е забрането биомедицинско потпомогнато оплодување ако немаат партнер. Неофицијално сите заедно се околу 200 жени годишно.

bremena bebe

Во Македонија нема банка за сперма, па овој биолошки материјал се зема најчесто од најпознатата банка за сперма во светот од Данска.

Цената за овој зафат е индивидуална и зависи од квалитетот на спермата и од карактеристиките на донаторот. Најчесто паровите одбираат материјал според расата, бојата на очите, косата, крвната група, висината, тежината, но и ако донаторот има објавено своја фотографија од детството. Жените или двојките најчесто бараат карактеристики блиски на сопствените.

За да може еден маж да донира сперма, задолжително треба да помине психолошки тестови, како и да ги помине испитувањата за најчести инфекции и наследни болести.

Во Македонија не е дозволено еднаш увезена сперма од еден донатор да биде увезена и втор пат за да се оневозможи еден донатор да е татко на две деца.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1