Македонски сајт каде може да пријавите насилство


„Реагирај – сподели приказна, спречи насилство“. Ова е новиот сајт каде сите граѓани било жртви или сведоци на насилство можат да пријават.

 http://www.reagiraj-bidibezbedna.mk/

на сајтото има неколку категории – сексуален, физички напад, заканување, навредување и слично. Идејата на креаторите е преку сајтот да им посочуваат на институциите каде има најмногу проблеми и од кој тип како посоодветно би реагирале. На сајтот има мапа каде се маркирани најжешките точки во градот. Досега се пријавени случаи во аеродором и Тафталиџе

Зад порталот е здружението „Реактор – истражување во акција” еве што за себе и за овој проект велат тие

Реагирај! е иницијатива против насилството кое им се случува на жените и девојките на јавните места во Скопје. Овие податоци ќе се користат и за алармирање на надлежните органи за локациите, фреквенциите и видовите на вознемирувања. Овој сајт ви овозможува да пријавите било какво вознемирување на улица, во парк, во автобус или било која друга јавна локација или пак само да се информирате каде се случиле последните инциденти и колку се безбедни јавните простори и патеки кои ги користите. Идејата беше да им овозможиме на жените и девојките во Скопје онлајн мапа на зачестеност на било какво вознемирување или насилство и простор каде тие можат да го споделат нивното искуство или искуството на нивните пријателки, роднини, познанички.

На Реагирај! можете да ги регистрирате сите видови на насилство од свиркање, вулгарни коментари, до пипкање, следење, сексуален напад или вознемирување и навреди кои се секојдневна реалност на жените, а кои многу ретко се пријавуваат. Преку собирање на информации, слики, видеа и приказни од жени и девојки Реагирај! ќе обезбеди социјална мрежа посветена на превенција и сузбивање на родово базираното вознемирување на јавните места.

Што ќе се случува со податоците?
Оваа веб страна е дел од проектот Истражување на опфатот на насилството на жените на јавните простори во Скопје, кој го реализира Реактор – Истражување во акција, со поддршка од UN Women – Агенцијата на Обединетите нации за родова рамноправност и зајакнување на жените. Веб страната е еден од начините на кои ние собираме податоци за степенот на насилство врз жените на јавни места во градот Скопје, видот на насилството врз жените, како и перцепцијата кај жените околу тоа колку се чувствуваат безбедни на јавните места и дали оваа перцепција се променила со текот на времето. Студијата исто така ја анализира и реакцијата на надлежните органи кон родово базираното насилство, нивната ефективност како и предизвиците со кои тие се соочуваат.

Податоците се собираат и анализираат анонимно.

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1