Грчката хакерска група која себе се нарекува П.А.О.К вчера урна некои македонски сајтови оставајќи порака дека Македонија е една и е грчка. Во текот на ноќта македонски хакери ја ,,возвратија услугата,, и хакнаа над 10 грчки сајтови меѓу кои и весници.
На сајтовите беше оставена и порака на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК потенцирајќи дека тоа е јазикот на земјата која тие не ја признаваат. Еве дел од пораката
,, Време е да престанете со вашата тврдоглавост, не обидувајте се да земете нешто што не ви припаѓа, не ја дирајте нашата територија, националност, јазик и идентитет. За секоја постапка ќе одговарате, затоа внимавајте на вашите постапки. Во секој случај ние ќе ја браниме нашата татковина достоинствено. Доколку не престанете со вашите фикс идеи за поделба на нашата мила држава, ние и понатака ќе ја браниме на истиот начин како и досега. Тоа што е наше не го даваме и тоа што е туѓо не го сакаме. Нашето име е едно и ќе остане такво МАКЕДОНИЈА.,,
Според информациите хакнати биле следните грчки сајтови – дел од нив за кратко време ја остраниле пораката и нападот, но на дел сеуште стоеше пораката од македонската хакерска група.
http://patrastimes.gr/ < Vesnik
http://elix.edu.gr/
http://gonimo.gr/
http://photoreportage.gr/
http://babis-papaioannou.gr/
http://www.epathessaloniki.gr/
http://get.net.gr/
http://gravani.gr/
http://neocranio.com/
http://pores.gr/
http://rapalo.gr/
http://reliant.com.gr/
http://roboticsurgery.gr/
http://www.stavros-gousopoulos.gr/