Македонската Тур де Франс Експедиција која веќе втора година е дел од најпрестижната велосипедска трка и годинава успешно се ноесеше со подвизите и целите кои што однапред си ги зацрта, а тоа е да ги искачи планинските превои на Француските Алпи-Кол де ла Маделен (12 јули), Кол де ла Кроа де Фер и Кол ду Галибие (15 јули).
Годинава експедицијата се одржа од 7 до 26 Јули. Во неа учество земаа двајца велосипедисти Слободан Tрајковски и Јован Јованов. Вкупно беа поминати околу 2000 километри за 17 дена, беа искачени три планински превои и беше забележано присуство на 6 етапи на најголемиот спортски настан Тур де Франс.
1. Можете ли да ни го опишете рутите и условите под кои што ја изведовте оваа авантура
-Секој планински превој е специфичен сам за себе. Секој си носи своја тежина. Нашиот подвиг е да ги надминеме тие предизвици носејќи дополнителен товар од 30 килограми на нашите велосипеди. И оваа година искачивме три превои, а врвот го достигнавме на Кол ду Галибие на 2645 мнв, искачувајќи се од северната страна.
Самиот Галибие е брутален, но кога ќе се додаде и опрамата, должината на искачувањето и студеното време бруталноста само се зголемува.
2. Во кои реони ја минавте експедицијата
-Движејќи се од Алпите кон Париз за да присуствуваме на последната етапа на ТдФ, посетивме и други прекрасни градови низ Франција како: Гренобл, Лион, Мулан, Бурж, Орлеан и Шартр. Возевме и низ Швајцарската и Француска Јура.
Предел што посебно ќе го паметиме заради врнежливото време и непредвидливиот терен, но и според прекрасните пејсажи во кои уживавме.
3. Може ли да ни кажете какво искуство стекнавте
-Искуството стекнато во Франција сакаме да го пренесеме во нашиот град и низ цела Македонија. Таа култура на возење велосипед и начинот на живот сакаме да се видат и на нашите улици. Конечно да почне на велосипедистите да се гледа како на рамноправни учесници во сообраќајот.
4. Какво е чуството да се претставува својата земја и мислите ли дека успеавте да го побудите чуството и кај останатите да е занимаваат со овој спорт
-Бевме горди претставници на Македонија. Секогаш со развиорено знаме на целта на етапите на коишто присуствуваме. Чувството е прекрасно кога ќе се види фотографија со поедникот на турот и македонското знаме во позадина.
Многумина во Македонија ги погоди тој потег и беа инспирирани да започнат да ја гледаат трката и да почнат да се бават со велосипедизам.
5. Дали имавте некаква поддршка и дали некој застана зад вас при изведбата на една ваква авантура
-Имавме финансиска поддршка од СС Система увозникот на Јана вода и Стоби Винарија. Двете компании застанаа позади експедицијата и воедно целосно ги поддржаа активностите на Здружението за унапредување на велосипедизмот Велоевропа во 2012.