Mакедонци актери во крвави злосторства – се трага по нив (Фото)


295800_makedonci2_f

Австралиската полиција е на пат да ги расветли низата на злосторства во тамошната македонската заедница.

Уапсени четворица осомничени, како резултат на повеќемесечната истрага за убиството на Дарко Јанчески (32) кој починал во болница во Вулонгон, откако во дворот пред својот дом во градот Лејк Хајтс во Илавара, бил погоден со неколку куршуми.

Фото – Дарко Јанчевски – почина во болница

295801_makedonci1_if

Полицијата во вторникот ги уапси и поднесе кривични пријави против Метју Пол Вигинс (24), како и Роберт Николовски (38) кои се осомничени за организиран напад на Јанчески.
Два дена подоцна биле уапсени и Дерек Скот Фергусон (27) и Кристофер Маден (25).

Полицијата тврди дека Вилингс на мотор дошол до куќата на Јанчески и по разговорот со него му испукал неколку куршуми во телото.
Полицијата исто така го испитува вооружениот напад на двајца конкуренти на Внгинс, кои како Јанчевски, како што се верува, биле ангажирани во изнудувањето на пари и дистрибуција на амфетамини и кокаин.

Сите жртви биле од македонско потекло.

„Ова е подземјето на регионот Лавор“, вели детективот за убиства, Дејвид Лејдлоу.
За време на нападот на Јанчески, неговиот татко излегол од куќата и се нашол во судир со убиецот.

Фото – Горан Николовски – исчезнат без трага

295802_makedonci3_f

Вториот е обвинетиот Роберт Николовски, брат на Горан Николовски, за кој полицијата претпоставува дека е мртов, откако неовиот автомобил е пронајден изгорен ден откако исчезнал на 31 окомври 2011 година.
„Сметаме дека овие две лица имале сознанија за тоа дека Јанчевски го убил Николовски“, посочува Лејдлоу.

Николовски бил познат како соработник на починатиот Саша Ристевски (37).

Фото  – Саша Ристевски убиен пред својот дом

295803_makedonci4_f

И двајцата биле во затвор поради трговија со дрога.

„За тоа време, нивното пријателство и наклонетост исчезнале, тројцата се соочиле со Ристевски во дворот на неговите родители во Лејк Хајст, каде што бил застрелан од непосредна близина.

Детективите ги идентификувале убијците, но тие имаат уште доста работа пред да ги поднесат обвиненијата.

Во оваа област веќе подолг период се тргува со дрога. Прашањето е во кој правец ваквиот бизнис ќе се развива и како едни ќе се обидат да ги елиминираат другите на кои им сметаат“, изјавија од полицијата.
Од таму тврдат дека истрагата за смртта на Саша Ристевски и исчезнувањето на Горан Николовски продолжува.

vesti-online.com

staklo-vo-leb
ФОТО: СЕМЕЈСТВО ОД СКОПЈЕ НАШЛЕ СТАКЛО ВО ЛЕБ! 
toseeeВИДЕО: ЈА СЛУШНАВТЕ ЛИ ПОСЛЕДНАТА ПЕСНА НА ТОШЕ – ЕВЕ КАКО ЗВУЧИ 
Mercedes-Benz-GL-500_233ШЕИКОТ ВИДЕЛ КАКВИ КРШОВИ ВОЗАТ ВО СРБИЈА – ИМ ПОДАРИЛ 3 БЛИНДИРАНИ ЏИПА 
s-KIM-SUOZZI-largeДЕВОЈКА ПРЕД ДА ПОЧИНЕ ОД РАК СОБРАЛА ПАРИ ДА ЈА СМРЗНАТ ДОДЕКА НЕ НАЈДАТ ЛЕК- (ВИДЕО) 
Lande-VierНАЈДОБРИОТ МАКЕДОНСКИ АМБАСАДОР, ТУТУНОТ (ФОТО) 
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1