Македонци отишле на летување во Грција – се вратиле со оштетени возила!


Изминатиов период, граничната полиција евидентираше неколку случаи на оштетување возила на македонски државјанин кој летувале во Грција.

Станува збор за четири случаи пријавени на граничниот премин „Богородица“ во периодот од 28.08. до 08.09.2015 година, каде што на најразличен начин се оштетени четири возила, а станува збор за автомобил марка „Шевролет“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лицето З.И. во местото Сарти, со црн и црвен спреј му била обоена шофершајбната и двете регистарски таблички.osteteni vozila grcija mk tablicki registracija

Вториот случај, на автомобил „Форд“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од лицето Д.С. во местото Паралија, со црн спреј му биле испрскани регистарските таблици во делот на ознаката МК како и дел од предниот и задниот браник покрај таблиците при што е прекриена ознаката МК.

„Цитроен Ц4“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лицето Г.С. во местото Калитеа, со остар предмет му биле изгребани двете страни од преден до заден фар и бил оштетен знакот МК на задната страна и „Пасат“ со кочански регистарски ознаки, управувано од З.З. во местото Ставрос, на хаубата со остар предмет му било изгравирано „МК=GR“. 

Освен оштетувањето на Цитроенот во Калитеа, како што информира МВР, останатите случаи не биле пријавени во грчката полиција.

Со овие четири нови случаи, билансот на оштетени возила на македонски државјани кои летувале во Грција се искачи на 10, а евидентиран е и еден случај на кражба на регистарски ознаки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1