Макрадули осуден за клевета – треба да му плати 8.000 евра на Мијалков


Пратеникот од СДСМ и кандидат за градоначалник на Скопје, Јани Макрадули, е прогласен за виновен за клевета и треба да му плати 520.000 денари ( 8.500 евра) на директорот на Управата за контраразузнавање, Сашо Мијалков, пресуди Апелацискиот суд во Скопје, пишува Дневник.

Апелација ја потврдила пресудата на Скопскиот кривичен суд. Инаку Мијалков тужеше дека Макрадули изнесол клевети за него во вестите на А1 во декември 2007 во прилогот со наслов- „СДСМ: Мијалков ја злоупотребува опремата за прислушување“.

Директорот на УБK, Мијалков, парите добиени од пресудата ќе ги даде во хуманитарни цели.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1