д-р Софијанова го презеде целиот ризик околу транспортот врз себе. Го зеде Јовче в раце. Го седна во скутот. Боцата со кислород ја скри под нејзините нозе, а џебовите од облеката ги наполни со ампули и со друга терапија за не дај боже, и така полетавме. Благодарение на нејзината храброст, стигнавме во Словенија”, раскажува со насолзени очи Мирјана.
Ова дванаесетгодишно дете живее благодарение на упорноста, пред сè, на неговите родители и на двајца доктори – д-р Аспазија Софијанова, сегашна директорка на Клиниката за детски болести во Скопје и нејзината колешка од Словенија д-р Мирјана Перковиќ која, како за Вест велат родителите на Јован, дала сè од себе за да го спаси нивното дете.
Агонијата на семејството Коловски започнала на 13 октомври 2008 година, кога детето ненадејно добило висока температура и грчеви, по што, како итен случај, од Струшката бол ница било испратено на Детската клиника во Скопје.
Таму на Јован му била поставена дијагноза менингитис, иако резултатите не покажале присуство на бактерија за овој тип болест. Таква бактерија била изолирана кај пациентката со која Јован бил во иста соба. “Кога во болницата дознаа дека ќе дојде инспекција, ги разделија децата”, вели Мирјана. По неколку дена, состојбата на малиот Јован се подобрила, но само што помислиле дека заздравува, нагло му се влошила.
“Единствена светла точка во македонското здравство за нас, по сите искушенија кои ги поминувавме во македонскиот лекарски лавиринт од кој немаше излез, е д-р Аспазија Софијанова. Единствено таа ни влеваше надеж и ни велеше дека ова дете не смее да умре. За разлика од неа, другите лекари, кога ќе нè видеа, бегаа од нас.
На тој начин тие само покажуваа дека не се способни. Постојано, место да учат од нивната колешка која, пред сè, постапуваше како родител, а потоа и како лекар, нè прашуваа што сме $ дале на докторката што толку се грижи за нашето дете. Но и покрај сите притисоци, докторката остана на ниво на нејзиниот професионализам”, раскажуваат родителите на Јован.
Кога било одлучено Јован во 2010 година да замине со лекарска придружба во Словенија, со нив била и д-р Софијанова. Тој момент Мирјана и Димитар, како што велат, ќе го паметат додека се живи.
“За Словенија требаше да заминеме со ‘ербас’ каде што Јовче требаше на носила да биде ставен со сета придружна лекарска опрема во авионот. Но бидејќи тој ден имаше само патнички авион, а животот на Јован висеше на конец, д-р Софијанова го презеде целиот ризик околу транспортот врз себе. Го зеде Јовче в раце. Го седна во скутот. Боцата со кислород ја скри под нејзините нозе, а џебовите од облеката ги наполни со ампули и со друга терапија за не дај боже, и така полетавме. Благодарение на нејзината храброст, стигнавме во Словенија”, раскажува со насолзени очи Мирјана.
Во суетноста на докторите лично се увери и авторот на текстов. Новинарот на Вест вели кога пред четири години отидов во Детската клиника да ги прашам докторите дали има надеж за малиот Јован и зошто е постапено така, една од докторките најбезобразно одговорила: “Аман, што сте се фатиле за тоа дете. Па има и други болни деца. Дали ги запознавте неговите родители, па тие не му дозволуваат на детето да се спаси од маките”.
Цеелиот текст можете да го причитате на следниот Линк
Извор – Вест