Српската полиција уапси тројца малолетници под сомнение дека силувале девојче.
Според српските медиуми, три момчиња на возраст од 16, односно 15 години, во соблекувалната на фудбалскиот клуб Колонија во Ковин, силувале 18-годишно девојче. Еден малолетник е сослушан и е пуштен поради кривична неодговорност.
Еден од уапсените ја познавал жртвата и ја намамил да дојде во соблекувалната.
Истрагата е сеуште во тек.